Силно невреме го погоди речиси целиот албански брег, создавајќи високи бранови. Две лица го загубија животот, а благодарение на крајбрежната стража 15 лица се спасени. Големите бранови во Ѓири и Лазрит погодиле скутер управуван од 33-годишно момче кое им подлегнало на повредите во болницата во Драч. Како што информираат албанските медиуми во градот Драч животот го загубила и 50-годишна жена. Таа била извлечена од морето, но лекарите за жал не успеале да ја спасат.
Албанската гранична полиција успела да спаси 14 лица меѓу кои и девет туристи од Чешка кои биле блокирани во заливот Вилун кај Велипоја. Останатите пет лица се од Албанија и Косово. Тие се хоспитализирани и се наоѓаат надвор од животна опасност.