Невремето во Италија зеде пет жртви

И покрај предупредувањето за поројни дождови и силни ветрови кое беше на сила во поголемиот дел од Италија граѓаните како да не му обрнаа доволно внимание, па за жал, вчера пет лица ги загубија животите.
Две лица загинале во близината на Рим, кога дрво паднало врз автомобилот со кој патувале, а едно лице во сличен инцидент во градот Терачина, кој се наоѓа сто километри југоисточно од Рим. Четвртата жртва е 21-годишник од Неапол, врз кој паднало дрво додека одел по улица, а петтата жена од Савона во регионот Лигурија, која била погодена од предмет носен од силниот ветер.
Низ целиот Рим десетици дрвја се откорнати, па, како што јавуваат медиумите, многу паркови се затворени, наставата во училиштата е прекината, а граѓаните предупредени од локоалните власти без неодложна потреба да не ги напуштаат домовите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.