Докторката Никол Кастелес која е експерт за пластична хирургија, во предупредувачко видео на социјалните мрежи, ги откри шокантните опасности од зголемувањето на градите.
На својот профил таа сподели видео на кое се прикажани последиците од долгогодишното носење силиконски импланти од пред 35 години. На видеото се гледа како силиконските импланти пукнале и истекле, предизвикувајќи сериозни проблеми за пациентот.
Никол има големо искуство во областа на пластичната хирургија, па дури и таа била шокирана од ова откритие. Со отстранување на силиконските импланти од градите на 65-годишна пациентка која ги вградила во далечната 1985 година, таа ги открила тешките последици што може да ги предизвика долгорочното носење силикон.
Ова видео ја подигнува свеста за потенцијалните ризици од зголемувањето на градите и потсетува колку е важно да се биде свесен за последиците од одлуките што се носат во врска со пластичната хирургија. Никол се надева дека нејзиното видео ќе ги поттикне луѓето добро да размислат и да се информираат пред да одлучат да направат такви естетски зафати.
Во описот на видеото, докторката вели дека овие импланти се стари дури 35 години. Видеото покажува леплива силиконска супстанца која истекува од пукнатите кеси.