Неделен ручек: Свински шницли со зеленчук и моцарела

Целото семејство во кујна! За подготвувањето на овој неделен ручек може да помогнат сите: некој нека лупи зеленчук, друг нека посолува, трет нека реди слоеви…

Состојки:

  • 800 гр тенко насечени свински шницли без коска
  • 1 лажичка сув зачин од билки
  • 400 гр тиквички
  • 600 гр модар патлиџан
  • 750 гр моцарела
  • 1 лажичка свинска маст
  • оригано
  • бибер
  • 2 лажички рендан пармезан

Подготовка:
Посипете сув зачин од билки на тенко исечените шницли и втријте го со прстите. Кратко пропржете ги од двете страни на средно тивок оган, додека не добијат златно-кафеава нијанса.
Излупете ги модриот патлиџан и тиквичката, па исечете ги на резанки. Потоа исто исечете ја и моцарелата.
Во длабок сад за печење ставете ја свинската маст, па редете: ред свинско, ред зеленчук, ред моцарела.
Зачинувајте низ слоевите со оригано и бибер, и редете најмалку три слоја. Завршете со моцарела.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, а потоа печете 30-50 минути, во зависност од нагодувањата на вашата рерна.

Пријатен неделен ручек!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.