Иако сме навикнати да ја гледаме во дизајнерски, скапи парчиња, овој пат Кери Бредшо не изненади: позитивно или негативно, проценете сами, бидејќи мислењата се поделени!
Сите што ја гледаа познатата серија Сексот и градот знаат многу добро дека главната актерка Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, секогаш била маестрално стилизирана. Од скапа облека до уште поскапи дизајнерски чевли, Кери беше главниот трендсетер, кој ги донесе сите модни цаки од малите екрани во реалност.
Токму овој факт ги изненади многу обожаватели на Кери и Сара Џесика кога го видоа нејзиниот последен стајлинг од снимањето на продолжението на серијата „And Just Like That“.
View this post on Instagram
Кери носеше макси фустан со шара со прерамки, а стајлингот го направи уште поефикасен земајќи парче облека под фустанот што мора да го имате во плакарот – сина кошула.
Заедно со нив, таа носеше и (некогаш популарни, па омразени, денес суперпопуларни) сандали со платформа Lena Non Stop Disco, потпишани од Тери де Хавиленд, кои чинеа 275 долари. Се чини дека најскапиот додаток е торбата Gucci x Balenciaga.
Невообичаено беше за љубителите на модата да ја видат Кери во „ефтин“ фустан од популарна американска марка, па многумина беа незадоволни коментирајќи дека вистинската Кери никогаш нема да го облече ова.