МицкоВски, во вчерашното гостување на Сител не кажа зошто летото немало протести како што најави самитот, а во врска со активностите на партијата во наредниот период не најави сите специфични мерки освен активните блокади:
Се чини дека Мицковски зборуваше колку да зборува, нудеше варијатни за да делува дека нешто прават… откако исчезнаа околу месец дена, а за време на летните одмори…
…Продолжуваме со активната блокада, продолжуваме во другите институции, продолжуваме на улица – зошто да не…
Најавивте протестно лето, но како да се заборави. Од 16 јули нема протести и ништо друго. Кои ќе бидат конкретните чекори на ВМРО-ДПМНЕ? Рековте и дека од септември ќе има нови, помоќни чекори?
МИЦКОСКИ: Рековме дека ќе ги искористиме сите демократски алатки, и институционални и вонинституционални, со цел да ја делегитимираме оваа нелегитимна власт и брзо да дојдеме до предвремени избори.
Кои се тие алатки?
МИЦКОСКИ: Продолжуваме со активната блокада, продолжуваме во другите институции, продолжуваме на улица – зошто да не. Ќе го оцениме потенцијалот што го имаме на располагање. Затоа што сакаат да ги исполни очекувањата на граѓаните. Не можеме да излеземе на улица без да имаме потенцијал да ги исполниме очекувањата на граѓаните. Затоа мора внимателно да го димензионираме. Имавме две недели масовни протести. Протестиравме и ќе продолжиме да протестираме. Тоа е, сепак, право на опозицијата. И никој од нас, заедно со граѓаните, не сака оваа власт да си замине. Ќе направиме се што е потребно за да се обидеме да дојдеме до предвремени парламентарни избори.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.