Некои шанси доаѓаат само еднаш во животот и никогаш повеќе

Некои шанси доаѓаат само еднаш. Некогаш ги забележуваме и се трудиме да ги искористиме. Многу пати пак ги игнорираме, мислејќи дека ќе се вратат повторно кога ќе бидеме подготвени.
Но, тоа не се случува.
Најчесто тоа оди по следниот редослед: ја добиваме шансата, ја пропуштаме, а потоа се каеме. Каењето е најтешкиот дел. А, тоа е всушност губење време бидејќи ништо не можеме да промениме. Би можеле да посакаме да се вратиме назад, но тоа е невозможно.


Најтешко е да престанеме да гледаме назад и да престанеме да мислиме на тоа како би било кога би било. Од тоа треба да научиме голема лекција.
Не чекајте подобри моменти, вистински шанси и подготвеност. Барајќи ги подоброто, ќе сфатите дека најдоброто всушност сте го пропуштиле. А, во меѓувреме животот поминал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.