Некој не ја говори вистината! Интегра или Мицковски?
Мицкоски денеска одржа прес-конференција пред партиското седиште заедно со поранешниот потпретседател на Интегра извесниот Воислав Зафировски.
Воислав Зафировски од ИНТЕГРА на денешната прес-конференција по одржувањето на состанокот истакна дека одбиваат да работат и да се декларираат како дел од оваа ИНТЕГРА, која според него, работи во несоодветни услови.
Ова било според нив окрупнување на опозицијата.
Лидерот на Интегра пак, Љупчо Ристовски најавува тужба за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За Воислав Зафировски, рече дека бил разрешен поради опструкции на изборната кампања и „сексуално вознемирување“ на членови на партијата.
„Воислав Зафировски беше разрешен минатиот месец од сите раководни позиции во партијата, вклучително и таа како претседател на Републичкиот изборен штаб, а поради сериозни пропусти и смислени опструкции во изборната кампања 2020, потоа и поради длабоко преминат праг на морална грешка, кој вклучуваше покрај прекршувањето на интерната заклетва положена со рака врз Библијата и постоење на елементи на сериозни испади кои слободно можат да се подведат под сексуално вознемирување на истакнати членови на партијата“ изјави тој исто така по повод денешните препукувања со Мицковски.
Мицковски денеска обвини дека: „имале сериозни информации и докази дека беа финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се денеска тука со мене исто така дел од тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозиција и да се поделат гласовите“!
Ристоски одговори: Финансирањето на партијата е транспарентно и е предмет на јавен увид, пред и за време на изборната кампања 2020 и најави тужба за овие тврдења против Мицковски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.