Откажување на сите настани како што се забави со жива музика, литии, пазари и слично; забрана за јавни и приватни собири на над девет лица; задолжителна маска и надвор и во затворените објекти, како и дозволени најмногу четири лица на една маса во кафулињата и рестораните, се мерките кои од петок стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос и на Халкидики.
За дополнителните рестриктивни мерки било одлучено на денешниот состанок во Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, по вчерашниот зголемен број позитивни случаи во конкретните делови и за да се ограничи дополнителното ширење на коронавирусот.
Исти рестриктивни мерки веќе се во сила на островите Парос, Андипарос и Порос .
Миконос и на Халкидики, се дел од 16-те грчки региони во кои веќе се спроведува мерката забрана за работат од полноќ до 7 часот на утроугостителските објекти, кафулињата и слично.
Новите ограничувања ќе стапат во сила во петок наутро и ќе важат во следните 10 дена