СЕ УКИНУВААТ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ДНЕВНИТЕ ВЕСНИЦИ

Дневните весници што се дистрибуираат на национално ниво годинава нема да добијат субвенции, извести порталот Призма.

Евакуиран аеродромот во Сараево: Патник добил порака за поставена бомба
Меѓународниот аеродром во Сараево, поради анонимна дојава за подметнати експлозивни направи, „ги презеде сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот“, соопштија од аеродромот. Како …
Апасиев: Да видиме кои се граѓани од „втор ред“ во Македонија
Во објава на Фејсбук пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, објаснува кој е граѓанин од втор ред. Во продолжение неговата објава на Фејсбук: – ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД Неретко …

Владата ќе одвои 10 милиони денари или околу 160.000 евра за поддршка на печатените медиуми, но парите се наменети само за локалните весници (до 2 милиони денари) и за неделници.

Овие субвенции редовно се доделуваат пред крајот на годината за трошоците за хартија, печатење и за дистрибуција што весниците ги направиле претходната календарска година. Така, годинава ќе се покријат расходите на печатените медиуми за 2022 година.

За изоставувањето на националните весници, кои во изминативе години беа најголеми корисници на оваа помош и ги добиваа најголемите суми, од владата објаснуваат дека таа одлука ја донеле бидејќи за годинава буџетот е намален, како и поради тоа што овие медиуми добиваат државни пари преку обезбедување комерцијални услуги за институциите, односно преку објавување огласи за набавки, вработувања и друго, пишува порталот Призма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.