Нема да ви се верува што прави Брена за подмладување – ШОКАНТНА МЕТОДА, но ефектот е очигледен!

Југословенската фолк кралица не престанува да ги изненадува своите верни фанови
Лепа Брена и покрај тоа што е во седмата деценија од животот се уште важи за една од најзгодните жени на естрадата.

Таа го негува својот изглед, но и не жали пари за него, така што често знае да се почести со најскапите козметички третмани.

Како што објави српскиот портал „Курир“, Брена наводно неодамна направила фејслифтинг на една приватна клиника за естетска хирургија.
Пејачката на овој начин ги средува брчките и недостатоците што ги има на своето лице, така што сега изгледа минимум една деценија помладо, што се забележува и на нејзините фотографии.

Брена наводно не сака јавно да зборува и да ја открие тајната за нејзиниот преубав изглед, но како што пишува споменатиот портал, југословенската фолк дива е задоволна од ефектот што го постигнала и сега навистина изгледа доста помладо.
Инаку пред неколку годни Лепа Брена ги „шокираше“ сите со еден третман што го има направено за разубавување на лицето.

Во прашање е метода за освежување на лицето со помош на полжави, а која што ја направи за време на нејзиниот престој на Тајланд и Малдиви.
На некои луѓе самата помисла овие мекотели да им се лигават по лицето делува непријатно и стресно, но не и на мене.

„Терапевтот ви ги става полжавите кои движејќи се оставаат трагови од слуз која, како што тврдат, помага за подмладување на кожата, по што таа е сјајна и мека како сатен“, откри тогаш Брена за „Глорија“.
Како што откри тогаш познатата пејачка, полжавите наводно, два дена пред третманот мораат добро да се исчистат, да јадат органска храна, а пред самата процедува престојуваат во еден вид карантин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.