Нема преговори! Новиот претседател на Аргентина бара Британија да ги врати Фокландите! Лондон објави: Испраќаме брод

Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Мајли, смета дека Фолкландските острови припаѓаат на неговата нација и ветува дека ќе ги врати.

Мајли за време на кампањата инсистираше дека Велика Британија мора да ги врати Фолкландските Острови и дека за тоа не може да се преговара. Мајли ги спореди Фокландите со Хонг Конг, кој Велика Британија и го врати на Кина.

Фокландите беа место на кратка, но брутална војна по инвазијата на Аргентина во 1982 година. Тогаш Велика Британија испрати војници, а Аргентина ја загуби двомесечната војна за архипелагот во конфликтот кој ги однесе животите на 649 Аргентинци и 255 британски војници.

Фолкландското прашање никогаш не се сметало за решено во Буенос Аирес.

Аргентина сè уште има претензии за островите, додека ОК вели дека Фокландите се самоуправен ентитет под нејзина заштита. На референдумот одржан во 2013 година, дури 99,8 отсто од населението гласало да остане Британец.

Мајли за време на неговата претседателска кампања инсистираше дека прашањата за иднината на Фолкландските Острови не може да се игнорираат.

  • Што предлагам? Суверенитетот на Аргентина над Малвинските Острови не може да се преговара. Малвините се Аргентина. Сега треба да видиме како ќе ги вратиме. Јасно е дека опцијата за војна не е решение. Предлагаме да се придвижиме кон решение како што имаше Англија со Кина во врска со проблемот со Хонг Конг. Позицијата на луѓето кои живеат на островите не може да се игнорира. Не можете да негирате дека овие луѓе се таму.

Не можете да ги игнорирате тие човечки суштества. Мора да преговарате со Британија и да ги земете предвид ставовите на луѓето кои живеат на островите. Бараме одржливо решение за враќање на Малвините на Аргентина преку дипломатски канали – изјави Мајли.

Велика Британија, пак, според Дејли експрес, му порачала на новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Мајли дека нема да разговара за Фолкландските Острови.

  • Фолкландските острови припаѓаат на Велика Британија. Тоа е неспорно и не може да се преговара – изјави министерот за одбрана Грант Шапс.

Британската морнарица објави дека патролен брод ќе се врати на Фолкландските Острови по деветмесечна пауза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.