Необичен инцидент се случил во Виена кога еден минувач се обидел да го одземе службеното оружје на сообраќајна полицајка која регулираше сообраќај. Иако полицајката била фокусирана на својот работ, насилникот ја искористил ситуацијата и се обидел да го грабне оружјето, пренесуваат тамошните медиуми.По неколку моменти на престрелка, полицајката успеала да се одбрани, а нејзините колеги брзо реагирале и го совладале напаѓачот. 36-годишниот маж, чиј идентитет засега не е објавен, бил приведен и се соочува со сериозни обвиненија.Според очевидци, напаѓачот бил под дејство на алкохол или дрога и при заканувањето кон полицајката употребил физичка сила. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Пронајдете не на следниве мрежи: