Модната куќа „Шанел“ во својата понуда има необична луксузна чанта за купување, во облик на корпа за в продавница, којашто чини над 46 и пол илјади евра. Со овие корпи, целта е зачувување на планетата.
Оваа корпа за пазарење беше лансирана пред неколку години, а нејзината цена постојано се зголемува. Првично се нудеше за 8.324 до 11.561 евра – во зависност од големината, а денес еден примерок чини 46.588 евра.
„Купувањето на овој производ ја продолжува приказната на ‘Шанел’ за намалување на влијанието врз животната средина со користење нови ресурси, за да можете да бидете сигурни дека правите нешто добро за планетава“, стои во описот на чантата.
Изработена е со комбинација на кожа и сребро, а за целосно да личи на корпа за пазарење, има и две метални рачки на горниот дел.