Необјасниви семејни трагедии

Во период од само една година Влатко Стефановски (61) се соочи со две, како што самиот вели, за него необјасниви семејни трагедии. По загубата на сопругата Гордана, минатиот месец по кратко боледување го изгуби и својот брат, еден од најзначајните македонски драматурзи Горан Стефановски.
Како и многу пати до сега легендарниот македонски гитарист утеха најде во музиката. Ова го открива за хрватското издание на магазинот „Глорија“ во пресрет на вечерашниот концерт во Загреб.
За хрватска  „Глорија“, Влатко нагласува дека мора да остане силен поради децата – ќерката Ана која во Падова заврши докторски студии по италијански јазик и книжевност и синот Јан, кој годинава матурираше.
Смртта на неговиот брат го затекна на турнеја во Австралија и само тој самиот си знае како се чувствувал и како ја реализирал однапред закажаната турнеја. Една е вистината, а тоа дека секој со болката се справува на свој начин и секому личната болка е најголема. Но, од тогаш Стефановски нема објавено ниту една фотографија или статус на социјалните мрежи. Можеби тоа е неговиот начин во борбата со семејната трагедија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.