Неодоливо згодна, а јаде 7 пати на ден

Дваесет и осумгодишната Австралијка, Камила Акерберг е модел и личен тренер со многу необични правила на исхрана.
Секое утро во 5:30 пие “магичен напиток“, јаде седум пати на ден и прави минимални кардио вежби.
-Ако сакате да изгубите тежина и да добиете витка линија, не треба да работите интензивни кардио тренинзи по пет пати неделно. Имено, доколку немате добар волумен на мускулите, со таквите вежби ќе добиете слаб, а не тониран изглед, изјавила Камила.


Нејзината препорака за совршено тонирано тело се дигањето тегови и тренинзи на сила.
Кога станува збор за исхраната, смета дека треба да се јаде здраво и да не се исфрлаат одредени намирници од исхраната.


-Луѓето се во заблуда кога мислат дека мораат да јадат салати и да пијат вода за да дојдат до посакуваната цел. Важно е исхраната да е балансирана и нитритивно разновидна што е важно за долгорочни резултати. Треба да јадете свежо овошје, зеленчук, добри јаглехидрати, здрави масти, објаснила таа и навела дека токму масната храна и помогнала да изгуби килограми.
-Постојат студии кои покажуваат дека конјугирана линолошка киселина навистина помага во губењето маснотии. Таа помага да ја намалите консумацијата на калории, го забрзува согорувањето на мастите и спречува натрупување на маснотии во телото. Помага и во изградбата на мускулите, изјавува Камила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.