Француското индустриско производство во јануари забележа поголем пад од тоа што се очекуваше, покажуваа најновите податоци на локалниот завод за статистика INSEE објавени во понеделникот.Производството во јануари во Франција се намалило на годишно ниво за 3,3 отсто, додека аналитичарите предвидуваа пад од 2,8 отсто.Притоа производството во преработувачката индустрија бележи намалување од 4,6 отсто на годишно ниво.На месечно ниво, индустриското производство во Франција се намалило за 1,2 отсто, а во декември падот на месечно ниво изнесувал 0,9 отсто. Преработувачката индустрија на месечно ниво бележи пад за 1,4 отсто, а во декември се намалила за 1,3 отсто.
МакфаксФранцуското индустриско производство во јануари забележа поголем пад од тоа што се очекуваше, покажуваа најновит