Германскиот канцелар Олаф Шолц порачал претходниот ден во телефонски разговор со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, дека заштитата на цивилите во Појасот Газа и обезбедувањето хуманитарна помош се клучни, соопшти кабинетот на канцеларот.
- Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија
- Нафтата, златото и пченицата поскапеа на светските берзи
- ЦГК: Скоро половина од фирмите учеснички во јавни набавки потврдиле постоење на корупција
- Убиен е лидерот на Хамас во Либан
- Пронајдена почината 72-годишна планинарка на Шар Планина
Се наведува дека Олаф Шолц ја повторил непоколебливата солидарност на Германија со Израел, но ја истакнал важноста од заштита на цивилите и хуманитарните резерви за луѓето од Појасот Газа.
Во соопштението на израелската Влада се наведува дека Бенјамин Нетанјаху му дал на Олаф Шолц информации за моменталната состојба на војната против Хамас и му се заблагодарил за поддршката за Израел, пишува Times of Israel.
За потсетување, Олаф Шолц го посети Израел во раните денови од војната и вети дека ќе застане покрај Тел Авив.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.