Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неколку години, пронашол апарат за прислушкување во неговата бања, пренесува ДПА.
Џонсон вели дека неговиот безбедносен тим го пронашол уредот за време на проверка на бањата по посетата на израелскиот премиер во 2017 година додека тој беше министер за надворешни работи. Поранешниот конзервативен лидер во своите мемоари напиша дека Нетанјаху се оправдувал за време на состанокот да оди во тоалет.
„Случајно или не, ми беше кажано дека подоцна, при редовна потрага по „бубачки“, уредот е пронајден“, пишува Џонсон во своите мемоари Unleashed, кои треба да излезат на 10 октомври.
Не е познато дали израелската влада била информирана за инцидентот.
Џонсон ќе зборува повеќе за откритијата од неговите мемоари во интервју за ITV утре вечер. Интервјуто што Би-Би-Си требаше да го направи со Џонсон беше откажано бидејќи водителката Лора Куенсберг случајно му ги испрати на поранешниот премиер нејзините подготвителни белешки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.