Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека неговата Влада ќе го прошири делењето оружје за израелските граѓани.
Изјавите на Нетанјаху дојдоа по вооружениот напад во Ерусалми (Кудс) во кој загинаа тројца Израелци.
Израелскиот премиер им се заблагодари на оние што ги убија двајцата напаѓачи.
„Со брзата реакција на двајца војници и еден цивил се успеа да се елиминираат терористите и да се спречи поопасен напад“, рече тој.
Министерот за јавна безбедност и лидер на екстремно десничарската партија Еврејска моќ, Итамар Бен Гвир, го повтори својот повик да се вооружат цивилите:
„Имаме силна полиција и силна армија, но нема полицајци секаде“, рече тој. „Затоа, секаде каде што граѓаните имаат оружје, тие можат да заштитат животи.“
Бен-Гвир вети дека ќе продолжи делењето оружје на израелските цивили.
Три лица, меѓу кои една жена, се застрелани денес, а шестмина се повредени во вооружен напад во Ерусалим, според израелскиот Канал 12.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.