Нејзината мајка ја оставила по раѓањето: Девојчето со сребрени очи сега има семејство и е спремно за нов живот

5-годишната Примроуз Остин е родена со многу редок синдром на сребрени очи поради кој нејзината мајка ја оставила по раѓањето. Девојчето конечно се ослободило од екстремните болки со кои живеело и е спремно за нов живот бидејќи лекарите ги отстраниле нејзините болни очи и ја припремаат за вградување на импланти.
Примроуз е родена со конгенитален глауком кој се карактеризира со очи со сребрена боја. Девојчето, покрај слепилото, е родено и со потешкотии во слухот, а цели 23 месеци ниту еден доктор не ги третирал нејзините проблеми поради што таа била во страшни болки.
Со оглед на тоа што мајка ѝ ја напуштила набрзо по раѓањето, кој знае каква би била судбината на 5-годишното девојче доколку не било посвоено од страна на Крис и Ерин Остин од Џорџија. Тие ја посвоиле од кинеско сиропиталиште во 2016 година и не се двоумеле кога им било кажано дека девојчето е слепо поради нетретиран глауком и дека е речиси потполно глуво.


Пред осум месеци, девојчето се разбудило во агонија поради силни болки, а родителите веднаш ја одвеле во болница каде 11 специјалисти пробувале да дојдат до изворот на она што ја предизвикувало болката. Примроуз била во толкави болки што плачела дури и по 16 часа дневно и одбивала да јаде и пие.
Тогаш паднала најтешката одлука – да му се отстранат очите на малечкото девојче. Примроуз сега повторно оди и е способна да комуницира по пат на знаковен јазик заснован на допир. Ерин изјавила дека операцијата на нејзината ќерка донела големо олеснување за целото семејство.
“Тоа беше како да живеев во постојана ноќна мора, не знаејќи дали ќе биде во ред. Лекарите пробуваа да ги елиминираат потенцијалните извори на болка, еден по еден. За нас тоа беше страшно искуство, таа беше целата во пот, нејзиното тело се справуваше со толку интензивна болка што нејзиниот нервен систем полуде”, раскажала мајката.

 

View this post on Instagram

 

It took a wild heart to tame mine.- M&S @csaustin #soe #thisislove #wellwornlove @soulofeverle

A post shared by Creative Mama ⍟ Joyful Girl (@erynroushaustin) on


Одлуката да ѝ се отстранат очите била тешка, но се покажала како правилната работа. Семејството никогаш не ни помислило дека девојчето ќе напредува по само две недели. Во општество во кое, како што вели Ерин, е опседнато со совршенство, децата ја нарекувале Примроуз “чудовиште” и вриштеле и бегале кога ќе ја виделе.
“Но, таа е преубава дури и покрај тоа што очите ѝ изгледаат поинаку”, со гордост раскажала Остин.
5-годишната Примроуз ќе биде подложена на операција на очите во која ќе ѝ вградат импланти, а докторите веќе ѝ ставиле апарати кои ѝ го подобруваат слухот. Девојчето го очекува нов живот со родители кои искрено ја сакаат без оглед на сѐ и со кои ќе биде вистински среќна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.