Не дека и е првпат и не дека нема обичај да се појавува во колку што е можно попровокативни изданија, но неодамна познатата хрватска пејачка и старлета Нивес Целзиус се надмина себеси и вети дека на социјалните мрежи ќе биде уште попровокативна.
За да покаже дека и природно изгледа совршено таа објави фотографија без шминка на себе. Но, се чини, нејзиното лице фановите малку ги интересираше. Она, пак што многу повеќе ги заинтересира и секако не пропуштија да го забележат беа нејзините гради.
Па, така наместо убавото лице кое Нивес, божем сакаше да го истакне, во преден план се најде нејзиното бујно деколте. Она, пак што ги “запали“, ако не женските со гаранција машките следбеници, е некаде дома заборавениот градник со што до израз дојдоа нејзините истакнати брадавиците.