Ниедна љубов не е толку вечна за да ја истетовирате на раката – но што ќе кажете за овој нов тренд?

Потребата да се пофалиме со новата љубов, доаѓа уште од минатото. Дали се сеќавате на оние девојки кои носеа ланче со името или иницијалите на својот избраник?
Веројатно се сеќавате и на оние момчиња кои истетовираа „Марија“ или „Ана“ на раката, бидејќи на 17 години мислеа дека нивната прва љубов ќе биде вечна.
До неодамна, на Фејсбук сите имавме барем по еден пар кој постојано прекинуваше и се смируваше и редовно нè известуваше на оваа социјална мрежа за својот моментален љубовен статус, а понекогаш и неколку пати дневно, кој сега не се знае дали е во љубов или војна.


Сега изгледа сите тие се сретнале на некоја тајна конференција и одлучиле сите овие работи да ги префрлат на Инстаграм. Името на овој нов тренд е „Relationship tagging“, а сè што треба да направите е да ја означите својата поубава половина во биографија на Инстаграм.
Малку е само да се каже дека мислењата за овој „нов“ тренд се поделени. Додека некои го осудуваат, сметајќи дека причината за негово покренување е сопствената несигурност и комплекси, други сметаат дека едноставно е природно својата среќа да ја споделите со другите.
Ве оставаме сами да одлучите дали „Relationship tagging“ е за вас или не, но ако се одлучите за него, барем размислете дали вашата приказна ќе потрае или наскоро ќе треба да смислите нов начин за сами себе да се дефинирате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.