НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ ОВИЕ АПЛИКАЦИИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАТУВАЊЕ! Позната социјална мрежа придонесе за смрт на осум американски туристи

Американските граѓани кои патуваат во Колумбија се предупредени да не користат апликации за запознавање во земјата по сомнителната смрт на осум американски туристи за само два месеци. Американската амбасада во Богота објави дека некои од жртвите биле дрогирани и ограбени откако запознале луѓе што ги запознале на апликациите, јавува BBC.

Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм. До златото, таа стигна со четири убедливи …
ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме
Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни …

Инцидентите се случија во градовите како Меделин, Картагена и Богота каде американскиот туризам зеде замав. Криминалците користат апликации за да ги намамат жртвите на јавни места како ресторани и барови каде што можат да ги нападнат, ограбат, па дури и да ги убијат, предупреди амбасадата.

Во последните три месеци од 2023 година, бројот на грабежи на странски посетители се зголеми за 200 отсто, а смртните случаи за 29 отсто, вклучително и осум Американци кои починаа меѓу 1. ноември и 31. декември.

Една од жртвите бил и американскиот комичар и активист Ту Гер Ксионг (50 г.), Американец со азиско потекло кој живеел во Минесота. Тој бил на одмор во Колумбија на крајот на ноември кога бил киднапиран и убиен откако запознал жена на Интернет и отишол на состанок со неа. Бројот на странски жртви на ваквите злосторства би можел да биде поголем отколку што покажуваат бројките.

„Овој вид на криминал рутински недоволно се пријавува бидејќи на жртвите им е непријатно и не сакаат да го продолжат судскиот процес. Оние кои ќе се обидат да дадат отпор или да возвратат имаат поголеми шанси да бидат убиени“, предупреди амбасадата на САД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.