Универзитетскиот професор по историја, д-р Никола Жежов, е дециден дека не треба заеднички со Бугарија да се слави македонскиот револуционер Гоце Делчев.
„Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија“, е став на професорот Жежов.
Целиот живот на Делчев – вели Жежов – целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.
„Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја.
Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја.
Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.