Претседателот на Србија Томислав Николиќ се извини за злосторствата што одделни поединци ги сториле над Бошњаците во име на Србија и српскиот народ.По прашањето за злочинот во Сребреница во јули 1995 година, Николиќ во емисијата „интервју 20 на босанската БХТ рече дека „геноцит мора да се докаже“.„Клекнувам поради тоа, еве клекнувам и барам помилување за Србија поради злочинот кој е извршен во Сребреница. Се извинувам за сите злосторства кои во име на нашата држава и нашиот народ го сторил било кој поединец“, рече Николиќ.На инсистирање на новинарката дека мора да се сложи со констатацијата дека сето што се случувало во Сребреница имало карактеристики на геноцид, Николиќ истакна дека „се што се случувало на просторите на поранешна Југославија (за време на војните) имало карактеристика на геноцид“На констатацијата дека Сребреница сепак има посебна тежина поради 8.000 убиени, Николиќ рече дека поради тоа клекнува и бара помилување за Србија.Српскиот претседател рече дека му е жал поради сите злосторства сторени над Бошњаците и дека ќе им се поклони на жртвите на геноцидот, а најави и дека ќе ја посети Сребреница.
МакфаксПретседателот на Србија Томислав Николиќ се извини за злосторствата што одделни поединци ги сториле над Бошњацит