Цело ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени и тоа до крајот на ноември, вели новинарот Љубиша Николовски во денешното гостување во Смо вистина.
– Јас мислам дека до крај на ноември цело ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа, потоа ќе оди на избори, двете партии ќе бидат во коалиција и тој што ќе добие повеќе пратеници ќе биде премиер и ќе има повеќе министри и слично и конечно ќе се формира едно македонско национално единство, вели Николовски.
Според него јасно е дека уставните измени мора да се поддржат за да се продолжи европскиот пат на Македонија, а Европската унија ќе најде начин како “да ги промени околностите” по желба на Мицкоски за да ги поддржи уставните измени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.