“Ќе те барам утре за кафе, денеска сум во гужва” – брзајќи, забораваме на вредностите во животот. Постојано брзаме некаде. Живееме еден брз и динамичен живот. Дома и работа. Тоа се тие места, тоа е таа релација каде се движиме. Забораваме на луѓето околу нас. Забораваме на опуштањето, на дружењето, на забавата… Дали навистина немаме време…
Знаеме ли каде одиме – постојано некаде брзаме… Брзаш за на работа, а потоа брзаш од работа за дома… Стоиш на семафор и се нервираш кога ќе фатиш црвено. Сакаш побрзо да си дома. Свириш, понекогаш. А, знаеш дека со свирењето нема да ти се расчисти патот… Ако те праша некој за кај брзаш… Нема да знаеш да одговориш…
Немаме слободно време, а и кога го имаме, сакаме да се изолираме од другите, да одмориме и не знаеме како да го искористиме.
Колку и да сте зафатени во животот секогаш ќе пронајдете време за луѓето што ги сакате.
Верувајте дека ако некој никако не може да пронајде време за вас, тогаш не се грижи за вас.После сè не знаеме што носи утре… Затоа не трошете си го времето чекајќи некој што е презафатен за да биде со вас.