Вчера во Битола автомобил влетал во старите Светонеделски гробишта, при што оштетил и неколку надгробни споменици, во парцелата број 2, наспроти Факултетот за ветерина. Од силината на ударот неколку гробови се целосно уништени, а мермерни парчиња од надгробните споменици има и на десетина метри од ударот, јави “БитолаЊуз“.
Екипа на МВР веднаш излегла на терен, а на местото на настанот имало траги од истечено моторно масло и од влетувањето на возилото.