Нов пекол во Газа! Ни прекинувач нема да биде вклучен, ниту пумпа за вода во функција

Израелскиот министер за енергетика Израел Кац денеска изјави дека Појасот Газа нема да биде снабден со струја и вода додека киднапираните од палестинската милитантна група Хамас не бидат вратени во Израел.

Нов пекол во Газа! Ни прекинувач нема да биде вклучен, ниту пумпа за вода во функција

„Хуманитарна помош за Газа? Нема да се вклучи електричен прекинувач, нема да се отвори пумпа за вода и нема да влезе камион со гориво додека киднапираните не се вратат дома“, напиша Кац на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Тој додаде дека Израел на хуманитарноста ќе одговори со хуманитарност.

„И никој не може да ни проповеда морал“, рече Кац.

Се проценува дека Хамас киднапирал околу 150 луѓе, а нивниот идентитет се уште не е познат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.