Нов предлог за името – „Република Илинденска Македонија“

„Република Илинденска Македонија„ е нов предлог за името кое според дипломатски извори е понудено од македонската страна во преговорите. според истите извори, било кое име па и „ Република Илинденска Македонија“ ќе мора да биде за севкупна употреба како што инсистира Грција.
Иако како најблиско решение досега се спомнуваше името „Република Горна Македонија“, напишано одвоено и со превод на англиски, извори за А1он тврдат дека „ Република Илинденска Македонија“ е предлог по последниот сер разговори кои се одвиваат помеѓу двете страни. Според досегашните информации, доколку дојде до договор за меѓународно име на државата, тоа треба да биде запишано во Обединетите нации, а по уставните измени се предлага да биде име за севкупна употреба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.