НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЦРНА ГОРА – Продолжува да се тресе на Балканот!

Нов силен земјотрес ја потресе Црна Гора.

Како што информираат од Сеизмолошкиот завод на Србија, земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Според првите податоци на ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на 76 километри северозападно од Подгорица и 31 километри северозападно од Никшиќ.

Земјотресот е регистриран околу 12 часот и 40 минути. Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија се уште нема објавено податоци за овој земјотрес.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, земјотресот бил почувствуван и на територијата на Хрватска и Босна и Херцеговина.

Foto: Shutterstock

Пронајдете не на следниве мрежи: