Македонската фудбалска репрезентација бележи нов прогрес на ФИФА листата, ’црвено-жолтите’ се наоѓаат на 73-то место, што преставува скок од пет места во однос на претходното рангирање.Скокот на ФИФА листата се должи на победата над Данска од 3:0 во пријателскиот натпревар, кој во февруари се одигра во Скопје.Од противниците со кои Македонија се натпреварува во квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2014 година, највисоко котира Хрватска која се наоѓа на деветото место.Нашиот следен противник во квалификациите Белгија се наоѓа на 19-то место, следуваат Србија (35), Шкотска (66) и Велс (71).Кога станува збор за врвот на ФИФА листата таму нема никакви промени, во Топ 5 се наоѓаат Шпанија, Германија, Аргентина, Англија и Италија.
МакфаксМакедонската фудбалска репрезентација бележи нов прогрес на ФИФА листата, ’црвено-жолтите’ се наоѓаа