Грција од денеска ќе ја зафати нов топлотен бран, втор во период од неколку дена, со температури што ќе достигнат до 44 степени.
Топлотниот бран Клеон се очекува да кулминира во текот на викендот, а метеоролозите прогнозираат дека високите температури ќе се задржат најмалку до крајот на месецов.
Општините повторно ќе ги отворат климатизираните простории за оние кои имаат потреба, а Министерството за здравство на Грција денеска ќе одржи вонредна прес-конференција со совети и препораки за заштита на граѓаните.
Периферијата Атика, поради најавените високи температури донесе одлука да бидат затворени парковите во поширокиот регион на Атина и да се одложат сите културни манифестации организирани од периферијата.
Поради високите температури, Министерството за култура на Грција ја остави отворена можноста во следните денови да има изменето работно време на Акропол и археолошките локалитети, од денеска до недела ќе бидат четири часа затворени поради прекинот со работа на чуварите на археолошките локалитети, со цел да се заштити здравјето на вработените и посетителите.
Паралелно, од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи предупредија дека денеска, но и во следните денови е многу висока опасност од пожари во повеќе делови на земјата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.