Десетгодишно девојче кое било на одмор со нејзините родители во Грција вчера се удавило во базен, јавуваат грчките медиуми. Инцидентот се случил околу 18 часот по локално време, кога девојчето било во дворот на комплексот во Неа Макри, каде што си играло со својата другарка.
Нејзините родители, кои живеат во Атина, се подготвувале да си заминат, а во моментот на несреќата тие ги префрлале куферите во својот автомобил. Во еден момент 10-годишното девојче останало само во базенот.
Играјќи си игра со другарите, девојчето нурнало во базенот по маската која децата ја фрлиле во водата, како дел од играта. Десетгодишното девојче потонало на дното на базенот, каде што било најмалку 3 минути.
Менаџерот на комплексот истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, детето имало модринки и тешко дишело. Двајца лекари, кои биле во близина, се обиделе да ја спасат. Како што пишува „Прототема“, девојчето исфрлало храна од устата додека добивало прва помош најмалку 20 минути.
„Детето го најдов свесно. Не можеше лесно да дише и правевме рунди реанимација јас и татко ми заедно, кој исто така е лекар, и еден господин, кој знаеше прва помош и работеше во соседната продавница. Наизменично си помагавме и се обидувавме да извадиме стомачна содржина од девојчето, од цревниот систем на детето. Се обидувавме барем 15-20 минути додека не дојде брзата помош. Но, за жал, не успеавме“, вели младиот доктор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.