НОВА ГОДИНА, НОВИ ПРАВИЛА: Еве што треба да знаете доколку барате стан во Германија

Се очекува зголемување на киријата

Новата година носи важни нови правила за сите оние кои живеат под кирија во Германија. Според германските медиуми, станува збор за зголемување на трошоците, но и за новоусвоени права.

Германските медиуми јавуваат дека може да се очекуваат уште поскапи кирии поради недостигот на станови и законот за енергетика.

Недостаток на нови станови

Владата сакаше да гради 400.000 нови станови годишно, од кои 100.000 беа наменети за социјални станови. Меѓутоа, во 2022 година не се изградени ниту 300.000 од нив. Кога станува збор за социјалните станови, изградени се само 22.545 од нив. До октомври 2023 година, само 218.100 нови станови се одобрени за градба низ целата земја, пишува магазинот Феникс.

Има многу причини за доцнење на градежните работи: недостиг на кадар во Владата, бирократија, зголемување на трошоците за изградба и камати. Просторот за живеење во многу региони станува уште попосакуван – а со тоа и поскап.

Закон за енергетика

Годинава стапува на сила новиот Закон за енергетика во зградите. Ако сопствениците го сменат или реновираат системот за греење, тие може да ги префрлат трошоците на своите станари.

Со цел да го забави поскапувањето на енергенсите поради војната во Украина, Владата ја намали стапката на ДДВ за енергијата за домаќинствата на седум отсто. Но, во 2024 година, стапката повторно ќе се зголеми на вообичаените 19 проценти.

Дополнително, се зголемуваат и надоместоците за користење на електричната мрежа кои се префрлаат на крајниот потрошувач. Цената на CO2 произведена од нафта и гас се зголемува од 30 на 45 евра. Струјата и топлинската енергија поскапуваат, дури и ако не смените добавувачи, пишуваат германските медиуми.

Кабловска телевизија

Од 1 јуни таксата за кабелска телевизија повеќе не може да се префрла на станарите. Затоа, многу закупувачи ги раскинуваат своите договори за кабловска телевизија. Значи, мора да потпишете свој договор или да се откажете од кабловска телевизија.

Пронајдете не на следниве мрежи: