Нова драма на повидок во Кремљ: Путин губи доверба во блиските луѓе, па во воените и безбедносните структури ги става поранешните телохранители

Владимир Путин има доверба во сè помал број луѓе, а во воените и безбедносните структури ги има се помалку, па се обраќа кон поранешен телохранител

Затоа, никој не беше изненаден од веста дека рускиот претседател во вторникот го назначи Алексеј Дјумин, неговиот поранешен телохранител, да ја надгледува операцијата за ослободување на регионот Курск. Дјумин постепено напредува во системот, сега тој е на чело на Државниот совет (Gosudarstvennyi Sovet) и одигра важна улога во преговорите што ставија крај на бунтот на платеничката група Вагнер во јуни 2023 година, предводена од Евгениј Пригожин, поранешниот готвач на Путин, кој набргу потоа загина во авионска несреќа.

Путин, како и повеќето диктатори, има разбирање за неспособните, но лојални, додека оние кои не покажуваат доволно ниво на лојалност или, не дај Боже, ги доведуваат во прашање одлуките на императорот на Кремљ, одеднаш паѓаат од петти кат.

Со назначувањето на доверлив човек, Путин сака да постигне и одржи целосна контрола врз сите форми на одговор на украинскиот напад. Ова е тежок удар за Герасимов, кој се уште е командант на сите сили во Украина. Не треба да се очекува дека Путин сега, во момент на криза, ќе предизвика дополнителни тензии со отпуштање на офицер кој ги преживеал сите неуспеси и непобитни докази дека руската армија ја нападна Украина неспремна, и успеа да ги освои само јужните делови долж Азовското Море, најмногу благодарение на предавството на локалните власти.

Ако Герасимов остане месец-два на сегашната позиција, кога/ако се реши кризата во регионот Курск, тоа ќе биде сигнал дека Путин не го смета за успешен, туку дека не верува на никој друг. Веќе не е само Герасимов, Институтот за проучување на војната (ISW) предупредува дека Путин добивал погрешни информации во случајот со украинската офанзива, како што беше случајот пред нападот на Украина. Украинската операција во Курск на тој начин би можела да стане забрзувач на промените во безбедносниот врв. Ако не се случи обратното, безбедносниот врв ќе го нападне Путин, но засега изгледите за такво сценарио едвај постојат

Пронајдете не на следниве мрежи: