Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика пред две седмици ја соопшти својата одлука за цените на горивата, со која цените се зголемија, а денес на пладне се очекува промена на цените.
Пред две седмици малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,599 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,121 ден/кг.
Новите цени кои РКЕ ќе ги соопшти денес на пладне ќе важат од полноќ. Останува да видиме дали не очекува ново поскапување или можеби поевтинување на горивата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.