Новата американска ракета не полета

Американската компанија „Orbital” која за потребите на агенцијата за вселенски истражувања NASA би требало да пренесе продукти за Меѓународната вселенска станица (ISS), поради технички проблеми во последен момент се откажа од пробното лансирање на ракетата „ Antares” коешто беше најавено за средата доцна навечер по локално време, соопштија американски функционери.

 Следниот обид за лансирање ќе се случи најрано ви петокот и доколку и тоа биде успешно спроведено „Orbital” за NASA ќе изврши вкупно осум летови до Меѓународната вселенска станица.
Ракетата „Antares” би требало да полета од новоуредениот комерцијален вселенски центар Валопс во американската сојузна држава Вирџинија. Ракетата во орбитата треба да ја транспортира 3.800 килограми тешката „лажна” капсула слична на вселенското летало „Cygnus” којашто ќе биде понесена првпат на вториот лет на „Antares” планиран за текот на ова лето и ќе пренесе товар до Меѓународната вселенска станица.
Компанијата „Orbital” и NASA потпишаа договор во износ од 1,9 милијарди долари за транспорт на товар за вселенската орбитална станица, којашто чини 100 милијарди долари и претставува истражувачка лабораторија којашто лета на височина од 278 до 460 километри над површината на Земјата.
Целта на пробната мисија на „Antares” е да го симулира превезувањето на товарот во орбитата на околу 258 километри височина што се ги покаже способностите на ракетата да полета и да го изврши истоварувањето на товарот на Меѓународната вселенска станица.
Макфакс
Американската компанија „Orbital” која за потребите на агенцијата за вселенски истражувања NASA би требало да пр

Пронајдете не на следниве мрежи: