Најмалку пет лица загинале на повеќе од 20 се ранети во нападот на канцеларија на независен кандидата кој се кандидирал за општите избори коишто ќе се одржат на 11-ти мај, пренесува AFP повикувајќи се на пакистански функционери.Бомбата експлодирала во близина на канцеларијата на Нор Акбар, независен кандидат за општите избори во племенската паштунска планинска зона Орказаи, каде што се наоѓаат базите на пакистанските талибани кои се спротивставуваат на одржувањето на изборите.„Импровизираната експлозивна направа била сокриена во близина на гласачка канцеларија. Најмалку пет лица загинаа, а 22 се ранети“, изјавил за агенцијата шефот на локалната полиција Дилавер Кан Бангаш.„Гласачката канцеларија била отворена во моментот на експлозијата. Приврзаниците на Нор Акбар седеле таму и дискутирале. Бројот на смртно настраданите би можел да биде поголем, бидејќи некои од ранетите се во критична состојба“, изјавил друг висок функционер на локалната полиција, Танвер Кан.Одговорноста и за овој како и за бомбашките напади од претходно засега не ја презема никој.Меѓутоа, познато од претходно е дека радикалното исламистичко движење Техрик -и-Талибан Пакистан (ТТП) константно испраќа закани за претставниците на најголемите партии во Пакистан.Повеќето аналитичари сметаат дека исламистичките терористи сакаат да го спречат одржувањето на општите избори закажано за 11-ти мај, коешто се смета за клучно за консолидацијата на демократијата во земјата со 180 милиони жители речиси стопроцентно муслиманска и нуклеарна сила по годините на воена управа. Претходно седмицава пакистанските талибани во многу градови низ земјата растурија летоци со кои ги повикуваат граѓаните, упатувајќи притоа смртни закани, да се воздржат од учество во изборите.
MaкфаксНајмалку пет лица загинале на повеќе од 20 се ранети во нападот на канцеларија на независен кандидата кој се кандидира