Маж од Бор, Србија на 9 октомври е уапсен поради обид да предизвика паника и неред бидејќи преку социјалните мрежи упатувал директни закани до родителите на убиеното девојче Данка Илиќ.
Во среда на 9 октомври со одобрение на Основното јавно обвинителство Бор му е одредена мерка притвор до 48 часа.
Од Основното јавно обвинителство Бор не сакаа да дадат подетални информации за деталите за конкретниот настан, за кој во моментот е приведен осомничениот, а додека трае прелиминарната истрага.
Според неофицијални информации, уапсено е уште едно лице кое преку истата медиумска платформа упати директни закани до родителите на убиеното девојче.
За обезбедување докази, извршен е претрес во станот на пријавениот, во кој покрај средствата за комуникација, пронајдени се и куршуми од пиштол калибар девет милиметри, како и се уште неидентификувана експлозивна направа со стап и електронски детонатор.
Одредена количина на наркотична дрога амфетамин била пронајдена и кај неговата сопруга.
Информациите укажуваат дека овој човек во последните две децении бил сторител на голем број криминални дејствија на територијата на Србија. Тој подолг период поминал на издржување затворски казни за кои е законски осуден за сторени различни кривични дела, почнувајќи од тешки кражби, па завршувајќи со кривични дела сузбивање на промет со наркотици и фалсификување службени исправи.
Во текот на 2023 година кај именуваното лице се пронајдени 17 килограми разновидна дрога, а постапката се води пред Вишото јавно обвинителство Заечар.