Новогодишно пакетче за Шилегов од „Го сакам Водно“

Пред просториите на Град Скопје граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денес одржа прес-конференција и му предаде новогодишно пакетче на градоначалникот Петре Шилегов.
-Во него се содржани слатки подароци прикачени за секое од барањата за Парк шума Водно. Се надеваме дека пакетчето со нашите барања ќе претставува вистински предизвик за градоначалникот и дека во 2019-та покрај слух ќе има и реална соработка со граѓанскиот сектор за нивно оставрување. Барањата се конкретни, бараат вложувања на време, пари и човечки ресурси, но бенефитите од нив сметаме дека се конечни и далекусежни., велат од Иницијативата.
„Го сакам Водно“ од име на граѓаните бара:
-Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на нашата Парк-шума Водно, нејзиниот нерешен статус и децениски насобраните проблеми, од вас како градски татко на надлежната институција и како човек кој знае кое е значењето на Водно за скопјани, бараме трајно решавање и заштита на парк-шумата, со адекватни активности во неа. Очекуваме да ги прифатите барањата и предизвикот на нивно спроведување и во најкраток рок да го донесете како приоритет број 1 Законот за Водно во форма на „Lex specialis “за да го дефинираме еднаш за секогаш не чекајќи дали и кога ќе се класификува, ревалоризира”.
Во однос на вашето прифаќање гасоводната траса да минува низ Водно, уште еднаш гласно ви кажуваме дека продолжуваме да се бориме со сите расположиви средства да го спречиме тоа зошто ниту еден момент не дадовте издржан одговор зошто го сменивте ставот, а напротив, максимално издржано претходно објаснивте зошто сте против тоа. Се надеваме дека во наредната година ќе успеете да увидите дека бенефитот на нашиот град треба да биде ваша основна водилка, а никако прифаќање на компромиси од било каков тип, вклучувајќи ги и економските бенефити, пишува во честитката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.