Новороденче свиткано во најлонска кеса и фрлено во контејнер во Белград: На мајката и се заканува казна до 40 години затвор

Триесет и тригодишната М.Г. е уапсена и одреден и е притвор од 48 часа заради основано сомнение дека извршила кривично дело тешко убиство на дете во обид. Уапсената родилка тајно се породила во станот во кој живее со својот татко и постариот син. По веста за нејзиното апсење соседите се шокирани затоа што никој не се ни посомневал дека е бремена бидејќи, како што велат, била покрупна жена.
33- годишна жена, за која се верува дека е мајка на штотуку роденото бебе кое било фрлено во контејнер е сослушана денес и може да заработи казна затвор од 10 до 40 години. Бебето го пронашол  пензионер кој излегол да го прошета кучето, а кога се доближил до контејнерот слушнал чудни звуци како стенкање, а кога погледнал таму било новороденче завиткано во најлонска кеса.
Прашани да кажат нешто за нејзиното семејство, соседите рекле дека се работи за сосема обично и секојдневно семејство, и дека не се работи за социјални случаи. Своето чудење не го кријат, особено што бебето го фрлила во контејнер пред влезот во кој живее.
Уште пошокантна за нив е играта на судбината што во истата зграда живее и Слободан Цветковиќ, соседот кој го пронашол штотуку роденото момче во контејнерот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.