Новото истражување покажува дека помладите браќа и сестри имаат подобра смисла за хумор

Родителите кои имаат повеќе деца сигурно знаат колку тие се различни. Едното е поповлечено, другото е подруштвено – едното повеќе сака да игра фудбал додека другото е заинтересирано за некаква музичка активност.

Но, едно е сигурно – ретко кое дете е слично на својот брат или сестра. Можеби по изгледот, но многу поретко по навиките и однесувањето. Токму тоа го потврдува и неодамнешното истражување базирано на карактерите на браќата и сестрите.

Новото истражување на „YouGov“ покажало дека сепак постојат одредени разлики помеѓу постарите и помладите деца во семејството. Имено, се покажало точно дека најстарите деца чувствуваат поголема одговорност, додека најмладите деца често уживаат во слобода. Особено е интересно тоа што научниците успеале да дојдат до податок дека помладите браќа и сестри имаат подобра смисла за хумор.
Споменатата студија покажала и дека помладите деца имаат тенденција да бидат поопуштени во однос на постарите деца. Експертите кои ги проучувале браќата и сестрите заклучиле дека семејните фактори играат подеднакво важна улога како и самите карактери на децата. Во некои случаи, само разликата во нивните години била доволна за да се забежели разновидност во детските навики и вкусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.