Новото момче на Јована Јеремиќ и купи чанта од 2.500 евра, но нејзините желби се многу поголеми: „Сакам куќа со базен!“

Водителката од својот партнер добила чанта вредна 2.500 евра

Водителката Јована Јеремиќ неодамна призна дека е во врска со богатиот бизнисмен Драган Станковиќ, а не крие колку е заљубена и среќна.

Ерупции од вулкан на Бали, облаци од пепел високи до 10 километри, летовите се откажани
Неколку меѓународни авиокомпании денеска ги откажаа летовите до и од индонезискиот остров Бали, по натамошните ерупции од вулкан што испрати облаци од пепел високи и до 10 километри и принуди …
Водата во Берово не е за пиење, само за техничка употреба
Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба, соопштија од Јавното претпријатие за комунални работи Услуга – Берово.Во соопштението до граѓаните тие го пренесоа …

Новиот партнер на Јована често ја изненадува со подароци, а за Нова година доби златна чанта „Dolce & Gabbana“ која чини 2.500 евра и, како што тврди, освен неа нема друг човек во Србија кој се уште го поседува тој модел на чанта.

– Драган ми ја даде. Инаку не би платила толку пари за чанта во животот. Тоа е она што тој го купува. Самиот дојде, рече дека ми е новогодишен подарок. Единствена во Србија беше златната „Долче и Габана“. Човекот се скрши додека ја најде. Ми ја даде за Нова Година, си мислам до Нова година ќе има уште десет чанти – рече Јована.

Јована раскажа и како сака да изгледа нејзината иднина.

– Никогаш нема да се омажам за човек кој не може да ми понуди повеќе отколку што имам. Апсолутно посакувам да имам голема куќа на Дедиње со базен, за да можам да имам се во таа куќа, вклучително и сауна и теретана и спа бања.  – истакна Јована за Блиц.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.