Норвешки тинејџери вратиле 62.000 евра најдени во воз

Двајца тинејџери во Норвешка во воз пронашле 467.200 круни (околу 62.000 евра) и одлучи дека ги врата парите на сопственикот, кој бил еден повозрасен патник во возот, пренесуваат во четвртокот норвешките медиуми.

Тинејџерите ги пронашле парите во една торба, оставена на седиштето во возот кој сообраќал од Осло до еден помал град на југот на Норвешка.„Кога ја отворив торбата, прво што забележав беше туце пари. Веднаш помислив дека треба да ја повикам полицијата“, изјави 16-годишниот Бендик за локалниот весник „Вестби авис“.При проверка на торбата пронајден е пасош на 70-годишен маж, кој допрва треба да дојде во станицата за да си ги подигне парите.Полицијата соопшти дека сопственикот на парите не е осомничен за ниту едно криминално дејство и дека не се знае дали чесните наоѓачи ќе бидат наградени за својот труд.
Двајца тинејџери во Норвешка во воз пронашле 467.200 круни (околу 62.000 евра) и одлучи дека г

Пронајдете не на следниве мрежи: