ПСКОВ – На вечерашниот моќен руски напад врз Киев му претходеше најголемиот украински напад на руска територија од почетокот на војната, а цел беше градот Псков.
Цел на беспилотните летала во ноќниот напад било воздушно пристаниште на западот на Русија. Според Тасс, Украинците уништиле четири транспортни авиони Иљушин-76. На видеата оддалеку се гледаат детонации, а низ градот одекнуваат сирени.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските беспилотни летала целеле шест руски региони во раните утрински часови во средата, што се чинеше дека е најголемиот напад со беспилотни летала на руска територија за време на оваа фаза од војната – со други зборови, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Беспилотните летала погодија аеродром во западната област Псков и беа соборени над руските региони Москва, Ориол, Брјанск, Рјазан и Калуга.
Регионалниот гувернер на Псков Михаил Ведерников во средата нареди откажување на сите летови до и од аеродромот Псков, наведувајќи ја потребата да се процени штетата во текот на денот.
Снимките и сликите објавени на социјалните мрежи во текот на ноќта покажуваат чад што се издига над градот Псков и голем пожар. Ведерников рече дека нема жртви и дека пожарот е ставен под контрола.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.