Импровизираните камп куќарки, шаторите и другите реквизити се отстранети во текот на ноќта, а рано утринава комунални служби ги чистеа остатоците од кампот на групата која, неколку месеци кампираше во ,,Жена парк“, спроти Собранието на Р.Македонија. Демонстрантите кои тука престојуваа неколку месеци веќе ги нема.
Во текот на изминатиот период тие секое попладне ја блокираа сообраќајницата пред македонскиот Парламент, во знак на несогласување со промената на името на Македонија и уставните измени. Бидејќи се работеше за мал број демонстранти, а често улицата беше блокирана само со неколку пластични гајби или клупи од блискиот парк тоа предизвикуваше револт кај граѓаните на кои им се попречуваше движењето.