Нуклеарна катастрофа, засолништата и стоковите резерви беа само дел од темите на вечерашното обраќање на Александар Вучиќ, објавија медиумите од Србија.
Кога имате 10 чекори за да ја завршите катастрофата, ние веќе преминавме 9, вели претседателот на Србија, а потоа зборуваше за тоа како се користеле американски ракети во конфликтот во Украина, а рускиот одговор го гледа во понатамошни напади врз енергетски објекти и мостови во Украина.
„Ние сме целосно неподготвени и во моментот имаме место за 257.000 луѓе во прифатилиштата. Ќе мораме да разговараме со луѓе кои имаат спортски сали, пералници, продавници и се останато и повторно да почнеме да ја обновуваме инфраструктурата за да се достигне барем бројката од милион или милион и пол луѓе што можеме да ги сместиме во засолништа“, рече Вучиќ.
Вучиќ дополни дека Владимир Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје.
„Познавајќи ги сите актери, мислам дека никој нема да се двоуми да ги искористи сите алатки што ги има. На Запад ќе речат дека Путин си игра, јас ќе ви кажам, малкумина го познаваат Путин како мене. Ако е загрозена безбедноста на Москва и нејзините сили, ако види дека нема друг излез, дури и да ми се налути, нема да се двоуми ниту еден час – ќе употреби нуклеарно оружје“, тврди Вучиќ.
Вучиќ ја искористи приликата да информира за состојбата со стоковите резерви.
Тие се на многу високо ниво, но се уште не сум задоволен, изјави Вучиќ.