Обама игра голф со Тајгер Вудс

Американскиот претседател, Барак Обама, имаше шанса да види како се игра голф на највисоко професионално ниво во недела, и тоа играјќи со Тајгер Вудс, вториот најдобар голфер во светот.

Обама, како голфер-викендаш, и Вудс, кој ја освои 75 титула минатиот месец, играа заедно за прв пат во Голф клубот „Флоридијан јахт”.
 Помалку од еден месец по почетокот на неговиот втор претседателски мандат, Обама е на тридневен голф одмор во Флорида, додека неговата сопруга Мишел и двете ќерки, Малиа и Саша, се скијат во Колорадо.
 Во саботата, Обама беше подучуван од поранешниот тренер на Вудс, Буч Хармон.
 Портпаротлот на Белата куќа, Џош Ернст, вели дека Обама и Вудс биле придружувани од бизнисмените Рон Кирк и Џим Крејн, кој го поседува ресортот, но и безбол клубот Хјустон Асторс.
 
Аналитичар на Golf Channel, за веситите на Твитер напиша, дека Вудс излегол од бункерот со песок на зелената површина при првата дупка.
 „Историски ден за голфот. Нивната прва рунда”, напиша аналитичарот.
 Но, немаше извештај за ударот на Обама, пренесе Reuters.
 Белата куќа не дозволи присуство на медиумите на теренот.
 Вудс, кој обично не се меша во политиката, е најдобро рангиран американски голфер, а втор во светот.
Живее на еден час јужно од клубот на Флорида.
 Тој се обидува да го поправи својот имиџ по љубовните афери, за кои се дозна во 2009 година, и доведоа до негов развод.
 Како и многу претседатели пред него, Обама го избегна притисокот од Овалната канцеларија, со тоа што замина на голф терените.
 Тој има изиграно повеќе од 100 рунди голф, додека е претседател, но вообичаено тоа го прави со блиски пријатели.
Макфакс
Американскиот претседател, Барак Обама, имаше шанса да види како се игра голф на највисоко професионално ниво во недел

Пронајдете не на следниве мрежи: